Дома Фудбал Англија Компани: Сите ми зборуваа „не шутирај, не шутирај“ и тоа ме иритираше

Компани: Сите ми зборуваа „не шутирај, не шутирај“ и тоа ме иритираше

Винсент Компани беше јунакот на Манчестер Сити, кој е на прагот на одбрана на титулата во ПЛ.

Сити на Етихад го пречека Лестер и прилично се мачеше, а кој знае што ќе се случеше ако Компани не постигнеше погодок од 30-тина метри во 70. минута.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После натпреварот призна дека соиграчите му дофрлувале да не шутира, но тоа го иритирало и постигна маестрален погодок.

„Денеска бев малку фрустриран бидејќи ми зборуваа да не шутирам. Навистина тоа го слушнав и ме иритираше. Си мислев, не дојдов толку далеку во кариерата за младите играчи да ми кажат кога да шутирам.“ – изјави Компани.

„Не, тоа не е вистина. Извини Вини, но тоа не е вистина.“ – изјави Бернардо Силва после натпреварот, коментирајќи го голот на Винсент.

На Сити му останува уште гостувањето кај Брајтон како последно скалило до титулата, а Компани со овој погодок повторно влезе во историјата на тимот од Етихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вејн Руни го критикуваше Ван Дајк: Еден капитен не смее така да зборува

Легендата на англискиот фудбал и Манчестер Јунајтед, Вејн Руни го критикуваше Вирџил Ван Д…