Раководството на Бетис официјално потврди дека ја активирале клаузулата за откуп на играчот за врска Џовани Ло Селсо.
Аргентинецот пристигна на почетокот на сезоната на позајмица од Пари Сент Жермен со опција за откуп. Ло Селсо не само што се адаптираше брзо во Примера, туку одигра фантастична сезона во која постигна 15 гола на 40 натпревари во сите натпреварувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Бетис се согласи да плати 22 милиони евра и во целост го откупи неговиот договор, а Ло Селсо денес стави потпис на договор до 2023 година.
We love magic! ??? pic.twitter.com/SqNs2ehERY
— Real Betis Balompié (@RealBetis_en) April 16, 2019
Интерес за 23-годишниот Ло Селсо покажуваат неколку европски гиганти, меѓу кои Реал Мадрид и Барселона, па воопшто нема да чуди ако Бетис го продаде играчот уште во летниот преоден рок.
Шпанските медиуми пренесуваат дека неговата цена сега изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра и ако некој клуб ја понуди таа сума, Бетис ќе ја прифати понудата.