Младиот македонски фудбалер, Енис Барди, денес го комплетираше трансферот од холандски Ујпешт во екипата на Леванте.
Нешто порано денес најавивме дека Барди е пред потпис со Леванте, повеќе нема дилеми. Фудбалерот ги помина медицинските прегледи и стави потпис на тригодишен договор со шпанскиот прволигаш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со задоволство можеме да ви соопштиме дека Енис Барди потпиша договор со клубот до 2020 година кој има опција за продолжување на уште две“, соопштија од шпанскиот клуб.
Да потсетиме, освен Барди својот трасфер денес го комплетираше и Елиф Елмас кој наредната сезона ќе настапува за турскиот гигант Фенербахче.
Со среќа момци!