Дома Трансфер зона Официјално: Алонсо потпиша нов договор со Барселона

Официјално: Алонсо потпиша нов договор со Барселона


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Левиот бек на Барселона Маркос Алонсо и наредната сезона ќе биде дел од овој клуб.

Откако го раскина договорот со Челзи Алонсо пристигна во Барселона без оштета, а договорот му важеше се до крајот на актелната сезона.

Сепак со одличните настапи клубот донесе одлука за продолжување на соработката на една година, со опција да продолжи и до 2025 ако одигра одреден број натпревари.

Чави неодамна истакна дека е презадоволен од Алонсо и она што го прикажува на теренот. Во кариерата Алонсо беше дел од Реал Мадрид, Болтон, Фиорентина, Сандерленд и Челзи.

Покрај Алонсо, Барселона потврди и дека младиот Анхел Аларкон ќе остане во клубот најмалку до 2025 година и неговата откупна клазула сега изнесува 400 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Миланско дерби за новиот италијански репрезентативец

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Миланските …