Дома Македонски спорт Официјално: Александар Трајковски има нов клуб!

Официјално: Александар Трајковски има нов клуб!

Како и што се најавуваше македонскиот репрезентативец Александар Трајковски од наредната сезона ќе го носи дресот на Мајорка.

Мајорка на својот официјален сајт го потврди трансферот на Трајковски.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Трајковски после исфрлувањето на Палермо во Серија Д (четврта италијанска лига) се поврзуваше со трансфер во некој клуб од Серија А, во игра беше и Спортинг меѓутоа на крајот во трката за македонскиот напаѓач победи Мајорка.

Во Палермо Трајковски помина четири сезони, две години играше во најсилната италијанска конкуренција Серија А и две во Серија Б.

Дресот на клубот од Сицилија го носеше на 113 натпревари и за тој период постигна 20 голови и запиша 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…