Дома Топ вести Откриено на колку години ќе биде договорот кој ќе го потпише Мбапе со Реал Мадрид

Откриено на колку години ќе биде договорот кој ќе го потпише Мбапе со Реал Мадрид

Се поизвесно е дека Килијан Мбапе на крајот од оваа сезона ќе потпише договор со Реал Мадрид, но сите детали се уште не се понати.

Би било големо изненадување доколку Мбапе летово не стане играч на Реал Мадрид, посебно откако самиот потврди дека сигурно заминува од ПСЖ. Меѓутоа додека Мбапе, Реал и ПСЖ молчат на оваа тема се огласи претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тебас јасно порача дека францускиот голгетер пристигнува во Париз.

Мбапе следната сезона ќе игра во Реал Мадрид, тоа е сигурно, договорот е потпишан“, изјави Тебас во интервјуто што го објави аргентинскиот спортски дневен весник „Оле“.

Реал со Мбапе веројатно ќе го има најсилниот тим на светот.

„Мбапе е еден од најдобрите играчи во светот, а Реал веќе ги има Винисиус и Белингем, па така ќе имаат навистина силен тим“, изјави Тебас.

Исто така Тебас најави и дека договорот кој го потпишал Мбапе ќе биде на пет години.

Реал ја освои титулата во шпанското првенство, но на 1. јуни во Лондон го чека финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, која ги елиминираше токму ПСЖ и Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…