Дома Офсајд Откриени нови ужаcни детали за тоа како Алвес ја cилyвал девојката

Откриени нови ужаcни детали за тоа како Алвес ја cилyвал девојката


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Денес шпанските и бразилските медиуми објавија нови детали за Дани Алвес кој се уште е во притвор затоа што наводно cилyвал девојка во Барселона.

Случајот во полицијата бил пријавен веднаш на 30-ти декември, но Алвес замина за Мексико и беше на слобода се додека не се врати во Барселона на погребот на мајката на неговата сопруга.

Алвес веќе четврти ден е во пpитвор и нема опција за со кауција да излезе на слобода. Весникот „Периодико“ денес објавува нови детали.

„Алвес цврсто ја фати девојката и побарал да го фати за меѓуножјето, тоа го направи лдвапати, а таа се спротиставила. Жртвата откри дека и го кренал фустанот и ја cилyвал додека во исто време ја терал да зборува дека е негова кypва. На крајот со шлаканица ја турнал на подот“, објави Периодико.

Според она што го пренесуваат шпанските медиуми на Алвес му се заканува затворска казна и до 12 години ако биде прогласен за виновен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Легенда на Манчестер Јунајтед може да биде нов тренер на Миовски?

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Легендата на Манчест…