Адвокатите на почетокот на декември побараа максимална казна од 12 години затвор за поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвес (40) кој е обвинет за сексуален напад.
Алвес ќе се соочи со судењето за наводен напад на жена во ноќен клуб во Барселона. Судијата во истрага соопшти дека има доволно докази за судење кое се очекува да се случи идната година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Екс-бразилскиот репрезентативец ги демантираше обвинувањата, а во притвор е од јануари 2022 година. Обвинителот исто така барал Алвес да плати 150.000 евра оштета на жртвата и да му се забрани било каков контакт со неа во следните десет години.
Поради периодот во затвор Алвес не бил во најдобра финансиска ситуација. Порталот „UOL Esporte“ пишува дека Нејмар му испратил 150.000 евра кои биле искористени за плаќањето на оштетата како олеснителна околност. Имотот на Алвес е замрзант од шпанските власти и судови. Исто така Нејмар го испратил адвокатот на неговото семејство Густаво Хиста како човек од доверба.
Судењето на Алвес би требало да се случи помеѓу 5-ти и 7-ми февруари и ако биде осуден му се заканува затворска казна од осум до десет години затвор. Во текот на кариерата Бразилецот освои вкупно 42 титули со репрезентацијата на Бразил и клубовите каде што настапуваше (Бахија, Севиља, Јувентус, ПСЖ, Сао Паоло, Пумас).