Дома Фудбал Италија Откриени детали од договорот: Кој го сака Де Лихт ќе мора да плати богатство

Откриени детали од договорот: Кој го сака Де Лихт ќе мора да плати богатство

Матијас де Лихт важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, а во 2019 година Јувентус за неговиот потпис плати 75 милиони евра.

22-годишниот стопер потпиша договор со „старата дама“ до 2024 година, а откриено е дека во него има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Неговиот агент Мино Раиола изјави дека Де Лихт на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус.

Сепак, „бјанконерите“ нема лесно да се откажат од 22-годишниот дефанзивец бидејќи Бонучи и Киелини се на залез на кариерата.

Раководството на Јувентус му порачало на агентот дека клубот кој го сака Холанѓанецот ќе мора да ја плати неговата откупна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лацио му го нанесе првиот пораз на Интер🎥

Лацио и Интер одиграа возбудлив натпревар на „Олпимпико“, домаќините со пресврт дојдоа до …