Роналдињо и неговиот брат Роберто пред скоро два месеци беа уапсени откако со лажни пасоши влегоа во Парагвај.
Уште на аеродромот полицијата знаеле дека Роналдињо и неговиот брат имале лажни пасоши, но одлучиле да не ги уапсат веднаш за да не прават скандал на аеродромот туку ги пуштиле да заминат во хотелот.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Роналдињо и неговиот брат неколку недели поминаа во затвор, а откако платија 1.3 милиони евра сега се наоѓаат во домашен притвор и го чекаат судењето.
Пред неколку дена Роналдињо по прв пат се огласи откако излезе од затвор, каде повторно порача дека не знаел дека пасошите биле неважечки и дека во оваа земја дошол да ја промовира новата книга, а потоа да учествува и во една хуманитарна акција.
Меѓутоа, бразилските медиуми денеска објавија дека Роналдињо не ја зборува вистината. Журнал де Бразилија денеска објави дека легендарниот играч отпатувал во Парагвар во организација на „Винпокер“ за да учествува на коцкарски турнир.
Познато е дека Роналдињо претходно во својот дом организираше илегални коцкарски турнири и наводно таа е вистинската причината тој да замине во Парагвај.