Дома Трансфер зона Ориги од јануари во Серија А

Ориги од јануари во Серија А

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.

26-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.

Ориги и во летниот преоден рок беше на излезна врата од „Енфилд“, но никој клуб не сакаше да плати 10 милиони фунти, колку што Ливерпул бараше за неговата слобода.

На синоќешниот дуел против Милан во ЛШ Ориги одигра одлично, а неговиот настап го следеле скаути на Интер и Јувентус.

Италијанските гиганти ќе се обидат да го донесат Белгиецот во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Завршен е трансфер на Ериксен во Премиер лигата!

Кристијан Ериксен повторно ќе играм фудбал и тоа во Премиер лигата. Најголемите островски …