Дома Фудбал Останато Организаторите ќе им плаќаат на навивачите по 120 евра затоа што Роналдо не играл

Организаторите ќе им плаќаат на навивачите по 120 евра затоа што Роналдо не играл

Јувентус летото 2019 година поголем дел од припремите помина во Азија, „старата дама“ одигра и неколку натпревари во Јужна Кореја.

Италијанскиот шампион беше учесник  на „Сеул Светскиот Куп“, а на стадионот имаше скоро 70.000 гледачи кои сакаа на дело да го видат Кристано Роналдо. Јувентус играше против екипа составена од најдобрите играчи во К-лигата, но Роналдо не беше во почетниот состав.

Не само што не беше во почетниот состав Португалецот цел натпревар го преседе на клупата за резерви и тоа предизвика револт кај голем дел од навивачите.

Овој случај заврши дури и на судот во Сеул, година ипол подоцна одлучено е огранизаторите на натпреварот да платата компезација на навивачите кои немале прилика да го гледаат Роналдо затоа што им било ветено дека ќе игра.

Цената на влезниците беше од 25 до 250 евра, а 162 навивачи ги тужеа организаторите. Поради тоа организаторот ќе мора да им исплати по 120 евра поради нанесување „душевна болка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Светците“ подобри од „ѓаволите“, Жиру имаше шоу во Севиља🎥

ПСЖ го освои „Олд Трафорд“, фаворитите  немаа проблем вечерва во Лигата на шампиони. Гости…