Дома Фудбал Останато Она што ќе го добие Бекам во САД претходно не го добил ниту еден друг фудбалер

Она што ќе го добие Бекам во САД претходно не го добил ниту еден друг фудбалер

0
bevkham

Дејвид Бекам беше првата голема ѕвезда која заигра во САД во МЛС лигата.

Бекам ја изненади фудбалската јавност во летото 2007 година кога одлучи да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Лос Анџелес Галакси. Заминувањето на големата ѕвезда во САД тогаш беше вистиснки шок за европската јавност, но се покажа дека тој ја отвори вратата за многу европски ѕвезди кои подоцна заиграа на терените во САД.

Фудбалот не е нешто посебно популарен во Америка, но Бекам беше еден од најпопуларните спортисти и играјќи за ЛА Галакси остави голема трага и даде голем доприност за фудбалот во САД.

Дека Американците го ценат тоа што го направи Бекам покажаа со најавувањето дека Бекам ќе биде првиот фудбалер кој ќе добие своја статуа во нивната земја. Статуата ќе биде откриена во Лос Анџелес на 2-ри март пред натпреварот против Чикаго Фајр.

Бекам за Галакси одигра 124 натпревари и постигна 11 погодоци.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уругвај – Еквадор: Суарез и дружината ја започнуваат борбата за престижниот трофеј

Во Минеирао доцна во ноќта помеѓу недела и понеделник играат Уругвај – Еквадор. Копа Амери…