Најдобрите кошаркари на денешницата во Кливленд изминатата вечер го одиграа „Ол-Стар“ натпреварот.
Тимот на Леброн Џејмс го победи тимот на Кевин Дурант со резултат 163:160. Токму Џејмс беше тој кој го одлучи победникот на крајот. МВП на натпреварот беше Стеф Кари кој постигна 50 поени. Најдобриот шутер на денешницата погоди и 16 тројки што е нов рекорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога натпреварот се решаваше Јанис Антетокумпо од едната и Леброн од другата страна беа клучните играчи, на крајот поуспешен беше „кралот“. Гркот го заврши мечот со 30 поени и 12 скокови. Треба да се издвои и учинокот на Џоел Ембид кој имаше 36 поени и 10 скокови.
Lazar KeskinovЛука Дончиќ настапи за победничкиот тим со скромен учинок од осум поени, додека Никола Јокиќ постигна десет и додаде уште девет скокови и осум асистенции. Во последната четвртина српскиот кошаркар не играше.