Навивачите на Интер влегуваат со големи очекувања од новата сезона, а тоа најмногу е така поради доаѓањето на Антонио Конте на клупата на „нероаѕурите“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Колкава еуфорија владее во Милано доволно зборува податокот дека Интер експресно ги распродаде сите годишни билети.
Во Интер се очекува да има одредени промени, некои играчи веќе пристигнаа, додека Мауро Икарди и Раџа Наинголан беа јавно отпишани од страна на Бепе Марота.
Икарди и Наинголан не се во плановите на клубот, Аргентинецот најмногу се поврзува со Јувентус, додека за Наинголан засега нема клубови со кои се поврзува во медиумите.
Најголемото засилување за „неораѕурите“ ова лето се очекува да биде Ромелу Лукаку од Манчестер Јунајтед, додека во последната линија многу се очекува од Диего Годин кој веќе пристигна.
Па еве како би можел да изгледа тимот предводен од Антонио Конте.

Ќе потсетиме Интер во овој преоден рок покрај Годин ги доведе Валентин Лазаро и Стефано Сенси, како и младиот Лусијан Агума (17 години).