Дома Трансфер зона Од МЛС повторно се огласија на тема Ибрахимовиќ: На кого да му се верува?

Од МЛС повторно се огласија на тема Ибрахимовиќ: На кого да му се верува?

0

Потпреседателот за комуникација на МЛС демантираше дека Златан Ибрахимовиќ се враќа во Милан.

Вчера првиот човек на МЛС Дон Гарбер во интервју за „ЕСПН“ објави дека Швеѓанецот ќе се врати во Милан каде што играше од 2010 до 2012 година.

Сега, откако веста силно одекна во јавноста стигна демант од потпретседателот за комуникација Дон Коуртмач.

„И покрај тоа што многу се пишуваше , Дон Гарбер не изјави дека Ибрахимовиќ ќе потпише за Милан“, напиша тој на својот Твитер профил.

Ќе потсетиме договорот на Ибрахимовиќ со ЛА Галакси истекува следниот месец и сите очекуваат Златан да се врати во Европа. Претходно Ибрахимовиќ многу се поврзуваше со Болоња каде што би пристигнал најмногу поради неговиот пријател Синиша Михајловиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Пјонтек: Следниот трансфер ќе ми биде 70 милиони евра

Криштоф Пјонтек минатата сезона беше вистинско откритие во Серија А и после само шест месе…