Холанѓаенцот и поранешниот миленик на „топчиите“ со оваа само додаде „масло на огнот“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Робин Ван Перси има совет за Алексис Санчез кој се наоѓа во слична ситуација како и Холанѓанецот пред неколку години, односно е пред трансфер во Манчестер Јунајтед.
Наскоро се очекува и официјална потврда на овој трансфер, а Ван Перси кој трансфер од Арсенал во Јунајтед направи пред пет години имаше совет за Чилеанецот.
„Мојот совет за Санчез е да биде истраен во својата намера. Во Јунајтед се е поинаку, историјата, борбата за трофеи, а посебно навивачите“, изјави Ван Перси.
Холанѓанецот така уште еднаш само стави „сол на раната“ на навивачите на Арсенал откако претходно како нивен капитен се пресели на „Олд Трафорд“.