Дома Видео Од бегалски камп до ѕвезда во ЛШ

Од бегалски камп до ѕвезда во ЛШ

Баерн Минхен синоќа покажа дека е еден од фаворитите за освојување на ЛШ оваа сезона. Баварците го прегазија лондонски Челси со високи 0:3.

Победата за Баерн ја донесоа Серж Гнаби со два гола и Роберт Левандовски. Сепак, играч на натпреварот беше 19-годишниот Алфонсо Дејвис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голобрадиот Канаѓанец, кој пред неколку години пристигна во Канада како бегалец, доминираше по левата страна.

Дејвис синоќа покажа дека можеби е најбрзиот играч во Европа. Во 18-та минута, тој ја покажа својата брзина кога го пристигна Мејсон Маунт.

Крилниот фудбалер на Челси беше во добра позиција и на стартот на вториот дел, меѓутоа неговите планови повторно ги спречи брзоногиот Дејвис.

Дека е добар и во офанзивата покажа во второто полувреме кога ги претрча Аспиликуета и Џејмс како брз воз.

Одигра и клучна улога при третиот гол на Баварците кога после одличниот продор му овозможи на Левандовски да го постигне својот 11. погодок во ЛШ оваа сезона.

Фудбалската верзија на Усеин Болт синоќа го доби секој свој дуел, имаше 91% успешни додавања и освои осум топки. Импресивно за некој кој има само 19 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …