Дома Македонски спорт Одлични вести од Хрватска: Адеми е здрав и расположен!

Одлични вести од Хрватска: Адеми е здрав и расположен!

Утревечер Динамо Загреб го игра реванш натпреварот против Виљареал во рамките од четвртфиналето во Лигата на Европа.

Денешната прес-конференција тренерот Дамир Крзнар потврди дека македонскиот репрезентативец Арјан Адеми ќе биде спремен за настап.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Адеми е здрав и расположен – подготвен за настап. Проблем има само Петковиќ, но очекуваме со блокода да може да го одигра натпреварот“, изјави Крзнар.

Во македонската јавност Крзнар предизвика загриженост минатиот викенд кога изјави дека Адеми можеби има сериозна повреда на стапалото, па дури и скршеница. Сепак, таквите негови проценки за среќа се покажаа како погрешни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…