Дома Македонски спорт Одлична вест: Македонија доби уште еден учесник на Олимписките игри!

Одлична вест: Македонија доби уште еден учесник на Олимписките игри!

 Македонија доби уште еден учесник на Летните Олимписки игри во Париз 2024.

Тоа е Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво која ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени 60 истрели додека натпреварот според програмата на Олимписките игри ќе биде на 28 Јули 2024 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Анастасија Мојсовска е млада спортистка на 22 годишна возраст но е докажана како стрелец кој покрај тоа што бил повеќе кратен Државен првак и рекордер на Македонија истата остварила високи резултати на меѓународните натпревари.

Таа тоа го докажа на последниот Светски куп во Минхен 2024 каде оствари нов Државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој е конкурентен за влез во финале на претстојните Олимписки игри во Париз 2024 споредено со претходните Олимписки игри во Токио каде што за влез во финале беа потребни 628,5 кругови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…