Младата македонска ракометна репрезентација со победа стартуваше на Светското првенство во Алжир, откако во рамките на првото коло во Ц групата ја совлада Русија 29:22.
Македонија добро го почна натпреварот, имаше водство во најголем дел од првото полувреме, но на одморот Русија замина со предност од 11:10.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Русија подобро влезе во второто полувреме, во 35-та минута стигна до предност 11:14, но во наредните 10 минути одбраната и Филип Талески беа креатори на пресвртот за 19:17 во 45-та минута.
Предноста од два гола Македонија ја удвои во наредните минути (24:20), а во 55-та минута „црвено-жолтите“ стигнаа и до максималната разлика од седум гола 27:20. Конечниот резултат 29:22 за македонските ракометари.