Дома Македонски спорт Огромен скок на Калин: Првпат е во топ 400 тенисери во светот!

Огромен скок на Калин: Првпат е во топ 400 тенисери во светот!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски од денеска го има најдобриот ранг и се наоѓа на 362.то место во сингл на АТП листата. Нашиот тенисер има скок од 50 места со вкупно 131 поени или 24 повеќе во однос на претходната недела.

Тоа се должи на 25-те поени со триумфот на фјучрсот во Скопје каде освои 25 поени. Еден поен му е намален во вкупната бројка поради тоа што измина една година од освојувањето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Втор македонски играч на ранг листата е Обрад Марковски, кој е на 1154.место со седум поени, или има пад за две места.

Горазд Србљак е три позиции пониско од Марковски (1157), а има скок од 51 место и седум поени или еден повеќе во однос на претходната недела.

Берк Бугариќ се наоѓа на 1720.место со еден поен или пад од 14 позиции.

Во конкуренција на двојки Ивановски е 566.то место (пад едно место) со 90 поени. Марковски има скок од 38 места и се наоѓа на 983.место со 32 поена (три повеќе). Бугариќ има пад од 80 места (1276) со 16 поени или три помалку. Србљак е рангиран на 1453.место со 11 поени, а Стефан Мицов има ранг на 1832 место (пад за 215 позиции) со 4 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…