Дома Фудбал Лига на шампиони Ограбена полициска станица додека полицајците – гледале Лига на шампиони!

Ограбена полициска станица додека полицајците – гледале Лига на шампиони!

Лигата на шампионите е нешто кое е посебно за секој љубител на фудбалот и никој не сака да ги пропушти натпреварите од завршницата, меѓутоа неверојатна ситуација ни пристигнува од Кенија.

Имено кениските полицајци кои биле на смена во вечерта на Лигата на шампионите паднале во искушение да го напуштат објектот и да ги проследат натпреварите од најелитното европско натпреварување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Инцидентот поради кој сигурно ќе бидат казнети, можеби и со отпуштање од работа се случил во вторникот. Полицајците што биле на смена излегле од станицата во Каморвон на западот во Кенија и отишле во кафуле да гледаат фудбал, но заборавиле да ја заклучат вратата.

Тој нивни „кикс“ бил искористен од страна крадци.

Додека полициските слжбеници ги гледале натпреварите Манчестер Јунајтед – Барселона и Јувентус – Ајакс крадците „оперирале“ на нивното работно место. Од полициската станица биле украдени три пушки и муниција, откриваат во полицискиот извештај.

Откако било забележано што недостасува полицијата започнала потрага по сторителите, но засега тие немаат успех бидејќи крадците не се пронајдени.

Во медиумите се истакнува дека европскиот фудбал, посебно англиската лига и англиските тимови се многу популарни во Кенија како и во поголемиот дел од афричкиот континент па веројатно за полицијаците било предизвик да го проследат дербито помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…