Дома Фудбал Останато Овен ги избра најдобрите тројца напаѓачи во историјата на Премиер лигата

Овен ги избра најдобрите тројца напаѓачи во историјата на Премиер лигата

Мајкл Овен своевремно важеше за најголем англиски талент и со таков епитет во 2004 година направи трансфер од Ливерпул во Реал Мадрид, но од тој момент повеќе не беше истиот играч.

Во Ливерпул играше фантастичен фудбал и постигна 120 голови, во Реал не се снајде, потоа се врати на Островот меѓутоа никогаш не играше како во Ливерпул. Како голем напаѓач кој имал искуство од играње во Премиер лигата сега тој ги избра најдобрите напаѓачи кои играле во најсилната лига во Англија.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


За него Анри и Ширер се над сите, меѓутоа го даде и Суарез и тоа се неговите топ 3.

„За мене Алан Ширер и Тиери Анри се најдобрите напаѓачи кои играле во Премиер лигата. Имаа неверојатен квалитет уживав додека ги гледав. Тука ќе го додадам и Суарез кој во Ливерпул играше на највисоко ниво. Тоа ќе бидат моите топ 3“, изјави Овен за „Би-Би-Си“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фиго го испровоцира навивач на Барса: Погледнете ја реакцијата на Португалецот (Видео)

Луис Фиго, поранешен португалски фудбалер и сегашен советник на УЕФА, доживеа непријатна с…