Вечерва со натпреварот помеѓу Кристал Палас и Арсенал започнува новата сезона во Премиер лигата.
Бранител на трофејот ќе биде Манчестер Сити кој сезонава ќе биде посилен и за еден од најбарните на трансфер пазарот, Ерлинг Халанд. Поради клазулата во договорот норвешкиот голгетер Сити го чинеше 64 милиони евра, но тоа е доволно да е второто најскапо засилување за ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На врвот на листата е Уругваецот, Дарвин Нуњез за кого Ливерпул на Бенфика и плати 79 милиони евра. Потоа во топ 3 е уште и Ричарлисон кој Евертон го замени со Тотенхем за 61.9 милион евра.
Лисандро Мартинез кој од Ајакс потпиша за Манчестер Јунајтед чинеше 61.2 милиони Евра, Челзи за Стерлинг плати 56.2 милиони евра. Арсенал во нападот сезонава ќе го има Габриел Жесус, а за Бразилецот, „топџиите“ издвоија сума од 52.2 милиони евра.
Во топ 10 се уште Калвин Филипс (Манчестер Сити 48.7 милиони евра), Калид Кулибали (Челзи 38 милиони евра), Свен Ботман (Њукасл 37 милиони евра) и Џанлука Скамака (Вест Хем 36 милиони евра).