Фудбалерите на Ал Џезира и Реал Мадрид вечерва го одиграа полуфиналето на Светското клупско првенство во кој имаше многу контроверзни моменти.
Реал во 30. минута постигна погодок. Судијата прво го поништи погодокот, а потоа го призна. Но повторно, после две минути со преглед на видео технологијата одлучи да го поништи погодокот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во финишот на првиот дел Ал Џезира успеа да дојде до водство со 1-0. На самиот почетокот од второто полувреме овој тим ја удвои предноста, но после тоа повторно настана циркус на теренот.
Фудбалерите на Ал Џезира го прославија погодокот, а после три минути реагираше судијата и ВАР, па го поништија погодокот поради офсајд.
Во продолжение со голот на Бејл, Реал дојде до победа од 2-1.