Познати се нови детали од убиството на навивачите Михалис Кацурис во Атина. Како што објави грчката „Прототема“, несреќното момче било рането во 23:08 часот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сето тоа се случило додека навивачите на АЕК биле нападнати од страна на хулиганите од Динамо Загреб. Малку пред тоа, поточно во 23:05, Михалис е виден со останатите навивачи на АЕК како се движат кон местото каде што започнала тепачката.
Потоа ранетиот Кацурис колабира и паѓа, додека има неконтролирано крварење, а непозната личност кој се нашла на тоа место се место се обидува да го држи исправено, но не успева, забележува видео камерата поставена во киоскот во близина.
Возилото на итната медицинска помош пристигнало во 23:32 и Михалис е пренесен во болница каде што подоцна за жал починал.
