Дома Фудбал Репрезентации Обамејанг ја заврши репрезентативната кариера

Обамејанг ја заврши репрезентативната кариера

Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг одлучи да ја заврши репрезентативната кариера.

Репрезентацијата на Габон настапи на овогодинешниот Куп на африкански нации и натпреварувањето го заврши во осминафиналето откако Буркина Фасо беше подобра од нив после изведувањето на пенали.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во екипата го немаше Пјер-Емерик Обамејанг кој играше во Дубаи пред првенството, а подоцона беше позитивен на коронавирус.

Сега габонскиот фудбалски сојуз објави соопштение во кое објави дека Обамејанг одлучил да ја прекине репрезентативната кариера. За репрезентацијата на Габон Обамејанг одигра 72 натпревари и постигна 30 голови.

За повлекувањето се огласи и Обамејанг.

„После 13 години претставување на својата земја објавувам дека ја завршувам кариерата во репрезентацијата. Би сакал да се заблагодарам на народот во Габон кој ме поддржуваше. Ќе ми останат убави спомени. Да се дебитира за својата земја беше нешто незаборавно. Му благодарам на претседателот, на сите тренери и останатите играчи. Се заблагодарувам и на мојот татко кој ме натера да бидам како него. Се надевам дека беше горд на мене“, порача напаѓачот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …