Дома Фудбал Англија Обамејанг го сруши рекордот на Тиери Анри

Обамејанг го сруши рекордот на Тиери Анри

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг го собори рекордот на Тиери Анри и стана играчот кој најбрзо постигнал 50 голови за Арсенал во Премиер лигата.

Поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд постигна два гола во вчерашнатап обеда на Арсенал против Норвич од 4:0 и на тој начин дојде до бројката од 51 гол во Премиер лигата.

Овој учинок Обамејанг го оствари после 79 натпревари, додека Анри тоа го направи за 83 натпревари.

Кога ќе се земе во предвид целата Премиер Лига Обамејанг е на шестата позиција. На првото место е Енди Кол, поранешниот напаѓач на Њукасл и Манчестер Јунајтед кој 50 голови постигна на 65 натпревари.

Навивачите веројатно не се радуваат премногу затоа што Габонецот влегува во последната година од договорот. Неговата иднина засега не е позната, меѓутоа изгледа како да е поблиску да го напушти клубот.

Инаку, сезонава Арсенал во овој момент се наоѓа на седмата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПМФЛ: Алексовски донесе бод за Македонија Ѓорче Петров, Струга за првпат сезонава не победи! 🎥

Актуелниот лидер на табелата Струга Трим Лум за првпат оваа сезона не успеа да слави побед…