
Милан официјално соопшти дека го ангажираше младиот дефанзивец Санкун Диавара. Тој пристигнува од новакот во Лига 1, Троа, за само 3 милиони евра. Договорот на 20-годишниот талент ќе биде најмалку за пет сезони, а играчот ќе го носи дресот со број 13.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се смета дека Диавара ќе игра за првиот тим на клубот, забележа 18 натпревари со еден гол и една асистенција за неговиот матичен клуб во минатата сезона.
Диавара призна дека со нетрпение го очекува своето деби на „Џузепе Меаца“. „Сметам дека првиот ден кога ќе го видам ‘Сан Сиро’, ќе остане засекогаш во моето сеќавање. Не можам да дочекам да дебитирам и да се сретнам со фановите „росонери“, моите соиграчи и целиот персонал. Уште од мал го сакам фудбалот и малку по малку ја остварувам својата детска мечта. Роден сум со топка во нозете и секој пат кога ќе стапнам на теренот, се обидувам да дадам 200% од себе,“ изјави тој.