Двајца навивачи на Манчестер Јунајтед ноќта помеѓу петокот и саботата ја поминале во тоалетот на „Олд Трафорд“ за да го гледаат дербито против Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.
Тешко е да се најдат билети во продажба за дерби какво што е Манчестер јунајтед – Арсенал, капацитетот на стадионот е помал од бројот на навивачи кои сакаат да се најдат на „Олд Трафорд“.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Двајца фанови се потрудиле да најдат нелегален начин како да бидат присутни на мечот, но не успеале. Тие биле на обиколка на стадионот во петокот заедно со голема група, но во еден момент исчезнале така што никој не ни забележал. Се скриле во тоалетот, останале тука дури до саботата наутро, на денот кога се играше натпреварот.
Сепак, заборавиле на една работа. Откако пред шест месеци на натпреварот против Борнмут беше пронајден сомнителен пакет на „Олд Трафорд“, полицијата секое утро на денот на натпреварот го пребарува секој агол од овој стадион, па така успеала да ги пронајде и овие двајца навивачи.
Била повикана и полиција, но фановите не биле уапсени, само избркани од стадионот, по што нивниот обид да го гледаат во живо натпреварот завршил безуспешно.