Дома Фудбал Италија Нов циркус на Мурињо: Дивеел на натпревар од младинците на Рома

Нов циркус на Мурињо: Дивеел на натпревар од младинците на Рома

Жозе Мурињо повторно е во центарот на нов скандал, овој пат поради недоличното однесување на натпреварот на У-14 екипите на Рома и Лацио.

Жозе Мурињо и неколку фудбалери од првиот тим на Рома, направиле сцена на натпревар меѓу Рома и Лацио за играчи до 14 години. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Рома водела со 2-0, кога бил досуден пенал за Лацио и тука Мурињо почнал да прави драми. Го исвиркувал и му дофрлал на момчето кое се подготвувало да го изведе пеналот. Потоа ги советувал младите играчи на Рома како да крадат од времето.

Лацио поднел жалба на однесувањето на Португалецот, кој оваа сезона има повеќе црвени картони од било кој играч во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флик никогаш не сме го виделе толку лут, инцидентот на Аноета ја „тресе“ Шпанија: Разочаран сум и бесен!

Реал Сосиедад синоќа пред своите навивачи ја победи Барселона со 2:1 во натпревар од 20. к…