Дома Фудбал Нов гол на Суарез, Атлетико на плус 6! 🎥

Нов гол на Суарез, Атлетико на плус 6! 🎥

Aтлетико Мадрид во заостанатиот натпревар од Ла Лига го победи Атлетик Билбао со 2:1 и тоа после пресврт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гостите од Баскија стигнаа до водство во 21. минута кога погоди Мунаин, после што следуваше реакција на домаќините.

Работите на почетокот се вратија во самиот финиш на првиот дел. Во втората минута од судиското продолжение Љоренте изедначи после асистенцијата од Лемар.

Клучниот момент се случи во 51. минута, а во центарот на вниманието беше кој друг ако не Суарез. Суарез изнуди пенал и истиот го претвори во гол.

Со оваа победа Атлетико побегна на +6 на Барселона на првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …