Дома Фудбал Останато Нов бисер од Србија: Најбогатиот српски фудбалер уапсен пијан во полициски час!

Нов бисер од Србија: Најбогатиот српски фудбалер уапсен пијан во полициски час!

Aлександар Пријовиќ, напаѓачот на саудискиот Ал-Итихад во кој заработува толку што е најбогат фудбалер во Србија и кој со својот гол ја одведе на минатото СП уапсен бил пијан во еден бар на српски хотел.

Заедно со приведениот е и познатиот српски турбофолкер Радиша Трајковиќ Џани со сопругата. Полицијата ги уапсила затоа што ги прекршиле правилата на полицискиот час кој во Србија во текот на неделата важи од 17 часот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пријовиќ е третиот српски фудбалер кој ја изненадил земјата со своето однесување во време на пандемијата со коронавирусот. Прв беше напаѓачот на Реал Лука Јовиќ на кого му се закануваше три години затвор поради напушатањето на карантинот по враќањето од Шпанија.

 Вториот кој не ги почитуваше мерките беше Никола Нинковиќ дефанзивецот на Асколи и тој како и Јовиќ го прекршил правилото за изолација по враќањето во земјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…