Дома Македонски спорт Мак баскет Ново засилување за Академија ФМП

Ново засилување за Академија ФМП

За време на тринеделната пауза, екипата на ФМП Академија се засили со Тајрон Харис.

Тајрон Харис е играч кој е повратник во македонското првенство, каде во минатото има настапувано за екипите на КК Бест Гевгелија, КК Шкупи и последно за екипата на КК Пелистер.

Тој е роден во Хоума, Лузијана (САД) на 13 Ноември 1991 и покрај во македонските екипи, има настапувано во NCAA лигата во САД и во екипата на Слобода Тузла во босанското првенство. Висок е 188cm и тежок 79kg. Игра на позицијата бек.

Во македонското првенство има одлични настапи со просек од 18.7 поени по натпревар, 3.9 скокови по натпревар и 4.8 асистенции по натпревар.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

КК Гостивар ги стресе своите фанови со првоаприлската шега (ФОТО)

Tимот на КК Гостивар се одлучи во духот на денешниот ден кој е ден на шегата да се пошегув…