Дома Македонски спорт Мак баскет Нема позитивни на коронавирус во Академија ФМП

Нема позитивни на коронавирус во Академија ФМП

Во соработка со Лабораторија Авицена, кошаркарскиот клуб Академија ФМП ги тестираше своите играчи и членовите на стручниот штаб од вирусот Ковид – 19, со цел подготовките за престојната сезона да се одвиваат без дополнителни проблеми и сите членови на тимот после добивање на своите резултати беа негативни.

Голема благодарност до мобилниот тим на ПЗУ Авицена кој во соработка со нашиот клуб ги изврши тестирањата на сите членови на стручниот штаб и играчите во текот на вчерашниот ден. КК Академија ФМП во соработка со Авицена ќе спроведе уште едно дополнително тестирање пред почетокот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите дополнителни препораки од медицинскиот тим ќе бидат применети и запазени се со цел и во текот на целата сезона да останат здрави и безбедни.

Пораката од играчите и стручниот штаб на Академија ФМП до сите подржувачи е да се носат маски и да се почитуваат препораките од надлежните и сите да останете безбедни и здрави со цел да може што поскоро да уживаме заедно во спортските натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…