Дома Фудбал Италија Нови проблеми за Пирло, остана и без Мекени

Нови проблеми за Пирло, остана и без Мекени

Списокот на повредени во Јувентус е се подолг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус е во криза, но тоа не единствен проблем бидејќи Андреа Пирло има и кадровски проблеми.

Од претходно на листата повредени се Паоло Дибала, Џорџо Киелини, Хуан Квардадо, Артур, Леонардо Бонучи и Алваро Мората, а сега ќе мора да паузира и Вестон Мекени кој има оптеретување на мускулите.

Вечерва против Специја во средниот ред се очекува да играат Бентакур и Рабио, а би можел да им се придружи младсиот Николо Фаџоли, кој дебитираше во Купот на Италија токму против вечерашниот противник.

Единствени добри вести во овој момент за Пирло е што Јувентус е домаќин во следните три натпревари, после Специја го пречекува Лацио, а потоа во Торино доаѓа Порто во реваншот од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаос на СП: „Заробените“ Уругвајци бесни на ФИФА!

Фудбалскиот сојуз на Уругвај ја обвини ФИФА за компликации и повеќечасовно доцнење на пату…