По сослушувањето на навивачите кои предизвикаа нереди во Атина судот донесе одлука за притвор на сите 105 уапсени навивачи.
Се очекува наскоро грчката полиција да го открие и идентитетот на главниот осомничен за убиството на навивачот на АЕК кое се случи на 7. август. Од денот на тепачката секојдневно се појавуваат нови видео материјали од убиството Михалис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Последно беше објавено видео на кое се гледа почетокот на нападот на хрватските хулигани, а наводно полицијата поседува и снимки од моментот на убиството. Денес се посочува дека убиецот на Михалис бил висок, крупен маж.
Уапсените лица ќе бидат распоредени во 16 затвори. Осум хрватски државјани ќе бидат одведени во затворот во Авлона, а шест во затворската единица во Коридалос, која е помеѓу Атина и Пиреја. Останатите 27 затвореници ќе бидат распоредени 14 затворски одделенија.