Скандалот кој неколку дрена ја тресе Романија доби нова епизода. Познатиот романски фудбалер, Ципран Марица одлучи да и се одмазди на Ана Мунтена.
Марица имаше прилично турбулентна кариера. Кога ја заврши кариерата се смири, меѓутоа пред неколку дена во јавноста се појави видео од него споменатата Ана. Видеото на кое сопругот ги уловува Марица и Ана е направено пред една година, но во јавноста се појави дури овие денови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Romania is brilliant. Former Schalke, Stuttgart and Romania star Ciprian Marica caught in a hotel room with another man's wife. By the husband himself. Epic video. pic.twitter.com/iV1sV5pBWG
— Emanuel Roşu (@Emishor) April 29, 2020
Иако сопругот ги „фатил на дело“ сепак таа успеа да си го спаси бракот и сега повторно се заедно. Извори блиски на поранешниот репрезентативец на Романија тврдат дека Марица веќе и се реванширал на поранешната љубовница и ги открил нејзините планови, наводно не било се како што изгледа.
„Ципран е убеден дека Ана е таа која го објавила видеото. Или поради слава или поради пари. Веќе ангажираше адвокати и ќе поднесе тужба. Откако ќе се докаже дека снимката е договорена од нејзе и сопругот очекува оштета. Некој сакаше да му наштети на неговиот углед затоа е спремен да оди до крај“, изјавил извор близок на фудбалерот.
Инаку, Марица е добро познато име на љубителите на фудбалот и многумина го паметат по добрите настапи во Штутгарт и Шалке. Покрај тие клубови настапуваше уште за Динамо Букурешт, Шахтјор, Гетафе и Коњаспор, кариерата ја заврши во дресот на Стеауа.