Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ подготвен на изненадувачка одлука: Вакво нешто не се очекуваше

Новак Ѓоковиќ подготвен на изненадувачка одлука: Вакво нешто не се очекуваше

Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ би можел да настапи на АТП турнирот 250 во Женева (од 18 до 25 мај) пред Ролан Гарос (од 20 мај до 9 јуни).

Швајцарскиот портал „Блик“ пишува дека Ноле би можел да се реши на овој чекор, за подобро да се подготви за вториот Грен слем сезонава. Ѓоковиќ беше елиминиран во раната фаза на турнирот во Рим, каде што вообичаено стигнуваше до финалето, а тој турнир беше негова подготовка за Отвореното првенство на Франција.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Бидејќи веќе беше елиминиран во третото коло, го чека долга пауза од последниот меч до стартот на Ролан Гарос, а евидентно е дека српскот тенисер пропушта натпревари на земја. Сезонава одигра само шест.

„По раната елиминација во Рим, Новак се уште бара добра форма на земјена подлога, а последен турнир пред Париз е Женева“, пишува порталот Блик и наведува дека доколку Новак сака да се појави во Швајцарија, главната алка за Специјална покана би била Рајнер Шитлер, косопственик на турнирот и пријател на Јанко Типсаревиќ. Женева дели три „вајлд карти“. Едниот му припадна на Енди Мареј, а другата на Матео Беретини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…