Дома Фудбал Ни Нико, ни Леао, ни Дијаз, новото лево крило на Барса е план Д од 15.000.000?!

Ни Нико, ни Леао, ни Дијаз, новото лево крило на Барса е план Д од 15.000.000?!

Фудбалскиот клуб Барселона се враќа на стариот начин на водење бизнис – големи најави за летото на почетокот на годината, димни бомби на почетокот на летото и неуспешни обиди да се убедат навивачите дека може да дојдат скапи засилувања и конечно – купување на најевтина и последна опција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Накратко – ново лево крило нема да биде Нико Вилијамс, ниту Луис Дијаз, ниту Рафаел Леао, туку – Федерико Киеза!

Нико Вилијамс одби да дојде, Милан бара баснословна цифра од над 150 милиони за Леао, а не е достапен ниту Луис Дијаз.

Така Барселона реши да стапи во контакт со Фалио Рамадани и да преговара за Киеза.

Италијанецот не е во плановите на Тиаго Мота, тој влезе во последната година од договорот и затоа е достапен за малку пари. Наводно, Јувентус е спремен да го продаде за 20 милиони, а тоа се обидува да го спушти и Барса, а првичната понуда на маса е 10 милиони фиксни + дополнителни пет преку бонуси.

Киеза е практично план Д на Барса, најевтина опција и секако најмалку квалитетна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oли Воткинс договорил трансфер каков што никој не очекуваше!

Англискиот репрезентативец Оли Воткинс го напушта тимот на Астон Вила. Како ПАМЕТНО да тип…