Јулијен Лоптеги според последните информации иако беше блиску сепак го запрел преминувањето во Вулверхемптон поради семејни причини.




Информациите од Островот и од Шпанија беа дека Лопетеги скоро и да имал договор со премиерлигашот откако доби отказ од клубот од Андалузија каде што на негово место дојде Хорхе Сампаоли.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Лопетеги се одлучил да ги прекине преговорите кои стигнале и до завршна фаза. Причината воопшто не била поврзана со понудата од Вулвс, ниту со нивната желба Лопетеги да седне на кормилото.




Шпанецот ги инфомирал Англичаните дека неговиот татко бил тешко болен, па овие денови сака целосно да ги посвети на неговото семејство.



