Дома Фудбал Готово: Милан избра нов тренер

Готово: Милан избра нов тренер

Хулен Лопетеги би требало да биде тренер на Милан од следната сезона, пренесува „Газета дело Спорт“.

Лопетеги на почетокот на сезоната го напушти Вулверхемптон, а претходно го тренираше Реал Мадрид и беше селектор на Шпанија од 2016 до 2018 година.

Миланскиот гигант ќе се раздели со актуелниот тренер Стефано Пиоли и желба на газдите е Лопетеги да го замени.

За шпанскиот стручњак е заинтересиран и Вест Хем, но тој приоритет му дава на Милан, па преговорите се во напредна фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковачиќ со сè помала улога во Сити, Фенербахче ја следи ситуацијата

Хрватскиот играч за врска има само три премиерлигашки настапи сезонава, а англиските медиу…