Дома Трансфер зона Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Ништо од Баерн: Роналдо откри каде ќе игра следната сезона

Иако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно со преселба во Баерн Минхен, од тоа нема ништо. Кристијано Роналдо откри каде ќе игра следната сезона.

Минатата зима Кристијано Роналдо го изненади светот со тоа што одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија каде потпиша за Ал-Наср.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Таму се надеваше на голови, но не освои ниту еден трофеј во првата (полусезона). Медиумите пишуваа дека би можел да се врати во Европа, најмногу поврзувајќи го со Баерн, но ништо од тоа.

Португалскиот ас откри дека и следната сезона ќе го носи дресот на Ал-Наср и дека верува во петгодишниот проект на овој азиски клуб.

„Среќен сум овде, сакам да продолжам тука и ќе продолжам овде. Според мене, ако успеат во она што го зацртаа во следните пет години, Саудиска Арабија ќе има едно од првите пет првенства во светот “, изјави Роналдо.

За потсетување, договорот меѓу Кристијано Роналдо и Ал-Наср е со важност до крајот на следната сезона, т.е. до јуни 2024 година и очигледно ќе го видиме до крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бруно Фернандеш: Јунајтед ќе ме ослободеше, ако сакав да заминам

Kапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш потврди дека клубот бил подготвен да го п…