На почетокот на новата година Бобан Николов направи трансфер во Италија каде што ќе игра во редовите на Лече.
Сега македонскиот репрезентативец имаше интервју за „Телеком Спорт“ во кое зборуваше за Горан Пандев. Николов откри дека Пандев јаде многу киви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горан јаде многу киви и пие вода. Кога има 20 години ме зеде „под свое“ во националниот тим. За него треба да се направи статуа, не знам дали некој друг наш играч ќе направи успех како него. Во минатите години секогаш кога зборувавме ми велеше дека би ги менувал клупските трофеи за успех со репрезентацијата. Сега и тоа му се исполни“, изјави Николов.
Македонија се пласираше на Европското првенство токму благодарение на Пандев кој во најважниот натпревар против Грузија во Тблиси го постигна одлучувачкиот гол.