Дома Фудбал Останато „Не знам кој тренер подобро би ја водел Барселона од мене“

„Не знам кој тренер подобро би ја водел Барселона од мене“

Роналд Куман се наоѓа на мета на жестоки критики поради лошите настапи на Барселона сезонава. Каталонскиот гигант доживеа дебакл против Бенфика од 0-3, а тоа беше уште една шлаканица за тимот.

Барселона утре гостува во Мадрид кај Атлетико и тоа најверојатно ќе биде последен меч за Куман на клупата на тимот ако загубат од актуелниот првак.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Холанѓанецот одржа прес-конференција пред утрешниот меч и ги изненади новинарите и навивачите.

„Знам дека сѐ зависи од резултатите кога сте тренер. Јас имам намера да го следам мојот план на работа. Никој од тимот не ми кажа ништо. Слушам дека претседателот беше утрово, но јас не сум го сретнал. Тука сум поради љубов кон екипата. Нема да одговарам на вашето прашање за односот со Лапорта. Напорно ми е да се бранам од сите. Не знам тренер кој би го водел подобро овој тим“, вели Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд секоe утро пие исти пијалак цел живот

Новото Јутјуб видео на фудбалската ѕвезда Ерлинг Халанд стана вистински хит, собирајќи над…