Во дербито на 22-то коло од италијанското фудбалско првенство Рома и Милан вчера одиграа 1:1.
Милан до предност стигна во 26-тата минута со погодокот на новото засилување Криштоф Пјонтек за кого ова веќе беше трет погодок во два настапи за Милан. Два гола постигна во куп натпреварот против Наполи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Освен со погодокот полскиот голгетер воодушеви и со завидна техника. Камерите забележаа еден чудесен приме на топка кога буквално ја залепи топката за копачката.