Дома Трансфер зона Не е само Елмас во игра: Галатасарај „мерка“ и засилување од Манчестер Сити

Не е само Елмас во игра: Галатасарај „мерка“ и засилување од Манчестер Сити

Тренерот на фудбалерите на Галатасарај, Окан Бурук има големи амбиции и сака во јануари на позајмица да го доведе фудбалерот на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ.

Бурук е незадоволен од францускиот фудбалер Тангу Ндомбеле, па поради тоа го означил Ковачиќ како една од главните цели во јануарскиот преоден рок.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Галатасарај во овој момент има на табелата има 37 бода колку и Фенербахче со кого сигурно ќе водат битка за титулата до крајот на сезоната.

Сепак, јасно е дека Галатасарај тешко ќе дојде до потписот на хрватскиот играч за врска. Инаку, во текот на вчерашниот ден се појави информација дека турскиот гигант е заинтересиран и за македонскиот фудбалер Елиф Елмас (ТУКА) кој сезонава додека беше Руди Гарсија на клупата на Наполи скоро и да не добиваше шанса, сега со Мацари ситуацијата изгледа дека може да биде поинаква.

Очигледно Галатасарај е во потрага по засилување во средниот ред, турските медиуми шпекулираат, па времето ќе покаже на кого ќе падне конечниот избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат …