Дома Останати Кошарка НБА „Не би се изненадил ако овој договор на Јокиќ е последен во неговата кариера“

„Не би се изненадил ако овој договор на Јокиќ е последен во неговата кариера“

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го продолжил договорот со Денвер нагетс на уште пет сезони, па така ќе остане во тимот до 2028 година, а многумина сметаат дека потоа ќе ја заврши кариерата во НБА-лигата.

Јокиќ за тие пет сезони ќе добие 264 милиони долари, а со останатите две години од актуелниот договор му следат повеќе од 300 милиони.

„Не би ме изненадило ако ова е последниот НБА-договор во кариерата кој го потпишал. Да биде јасно, ова не е некоја вест. Само го споделувам моето мислење за нешто што се зборуваше претходно“, вели американскиот новинар Адам Мареш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Леброн има една дилема пред продолжувањето на договорот со Лејкерси

Еден од најдобрите кошаркари во историјата се очекува и во иднина да го носи дресот на Лос…