Бразилската ѕвезда Нејмар откри дека негов најтежок противник во кариерата му бил Серхио Рамос.
Нејмар долго време играше во Шпанија и тоа за Барселона и одигра многу натпревари против Реал Мадрид. Исто така и откако премина во ПСЖ се среќаваше со Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејмар отворено призна дека му е најтешко да игра против Рамос.
„Против кој дефанзивец ми било најтешко да играм? Серхио Рамос. Тој е фантастичен стопер, а освоен тоа и постигнува голови. Навистина е тешко да играте против него“, изјави 27 годишниот напаѓач на ПСЖ.
Нејмар потоа го пофали и младиот фудбалер Реал, неговиот сонародник, Винисус Жуниор.
„Винисус е млад и мислам дека во иднина ќе стане неверојатен фудбалер. Ќе стане еден од најдобрите и ќе се бори за Златната топка. Се надевам дека ќе освои се што ќе посака. Тој е одлично момче. Му посакувам среќа“, порача Нејмар.
Ќе потсетиме, Нејамр неодамна се врати на тренинзите на ПСЖ, а наскоро го очекуваат и првите пријателски натпревари во новата сезона.